15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Илон Маск ветува евтин паметен автомобил – за 2 години ќе пристигне Teslа од само 25.000 долари

Kabtel desktop

Илон Маск веќе споменуваше планови за развој на најевтиниот автомобил на Tesla кој може да биде целосно автономен, а на состанок со вработените откри дека компанијата ќе го претстави таквиот автомобил за 2 години. Иако тоа не е официјалното име, медиумите веќе го нарекуваат Tesla 2. За него не се познати многу детали, но познат се две работи кои Tesla сака да ги реализира со него.

Прво, сакаат автомобилот да има пристапна цена и Маск се надева дека на пазарот ќе се продава за 25.000 долари, а втората работа е автономијата на автомобилот. Маск очекува нивниот софтвер за управување со возила да биде толку добар што ќе овозможи целосна автономија, така што луѓето во нив нема да мора ни да ги држат рацете на воланот.

Според некои најави на Маск, луѓето нема ни да можат да ги држат рацете на волан затоа што автомобилите може нема да имаат волат. Иако со Маск никогаш не моеме да бидеме сигурни, моментално изгледа речиси невозможно во 2023 година да видиме автомобили без волан. Освен унапредувањето на технологијата, проблем е и регулативата, затоа што таквите возила не се дозволени по патиштата.

Се надеваме дека Tesla ќе ги оствари своите најави за цената затоа што толку ниската цена Маск може да ја оствари со новиот начин на производство на батериски ќелии, со кој трошоците се намалуваат за над 50%.

Tesla 2 треба да се произведува во фабриката во Кина, а минатата година од компанијата најавија и отворање на центар за истражување и развој каде што „во кинески стил“ ќе се развиваат електрични автомобили.

(Dnenvik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •