12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Индиски Ola Electric ќе ја гради најголемата фабрика во светот каде што ќе работат само жени

Kabtel desktop

Ola Futurefactory, која ќе биде дом на најголемата фабрика за електрични скутери во светот, ќе биде управувана целосно од жени. Првиот дел од жените веќе пристигнаа во Шенај, каде што ќе биде лоцирана фабриката, пресреќни што ќе ја предводат револуцијата на електричните возила во Индија. нивната здача ќе биде да ги подготвуваат електричните скутери Ola S1 и S1 Pro за достава.

„Ова е првата од серија иницијативи кои ние во Ola ги преземаме за да создадеме поинклузивна работна сила и да обезбедиме економски можности за жените воопшто. Тоа не само што ќе ги подобри нивните животи, туку ќе ги подобри и животите на нивните семејства и на целата заедница. Всушност, истражувањата покажуваат дека изедначувањето на правата на жените и мажите во Индија ќе го зголеми БДП за 27%“ изјавија од Ola Electric.

Ola Futurefactory ќе има вкупно 10.000 жени вработени, кои ќе работат рамо до рамо со над 3.000 роботи со вештачка интелигенција. Таа фабрика ќе бие најголемата фабрика во светот каде што ќе работат само жени и единствената во фабрика за производство на автомобили во светот каде што работат само жени.

Од Ola Electric открија дека инвестирале многу пари во обуки на жените со цел да можат да го водат целиот производен процес. Компанијата планира да има годишно производство од 10 милиони електрични скутери, што е 15% од сегашниот капацитет за производство на скутери. Во првата фаза ќе се произведуваат 2 милиони скутери.

Од Оla планираат да произведуваат по еден скутер секои 2 секунди на своите 10 производни линии. Компанијата прави и сопствени батерии, мотори, компјутери за возила и софтвер. Целата фабрика ќе зафаќа површина од над 200 хектари, а тврдите градби ќе имаат површина од околу 17 хектари. Околу неа ќе има околу 40 хектари шума, од кои во самата фабрика ќе има околу 800 м2.

(Live Mint)

(фото: YouTube)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •