10.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Hашата земја ги доби своите претставници за глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Associate натпревари

Kabtel desktop

Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13-22 години во Р. Северна Македонија, Certiadria годинава по шести пат го организираше финалето на националниот MOS (Microsoft Office Specialist) и финалето на четвртиот ACA (Adobe Certified Associate) каде нашата земја ги доби своите претставници за глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Associate натпревари, кои ќе се одржат кон средината на месец Ноември 2021 година каде што активно учество земаат повеќе од 120 земји во светот.

Поради моменталните мерки за заштита од Корона вирусот квалификациските натпревари се одржуваа online, додека овогодинешното финале се одржа во Семос Едукација каде учествуваа најдобрите 15 финалисти од кој што произлегоа овогодинешните победници.

„Им честитаме на а Лука Стојановиќ кој доаѓа од средното училиште Наце Буѓони (Куманово), Леонтина Пауновска која доаѓа од средното училиште Георѓи Димитров (Скопје) и Бодан Костов кој доаѓа од средното училиште Орце Николов (Скопје) за освоените пласмани и им посакувам успех на светскиот натпревар. Голема благодарност до Град Скопје и Семос Едукација кои се верни партнери на натпреварот уште од првата година, како и на Општина Куманово и сите поддржувачи на овој настан кои овозможија да прерасне во традиција. Сакам да напоменам дека сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на Certiadria.

Според организаторот на натпреварите, Certiadria, дигиталните вештини добиваат сé поголемо значење во новонастанатите услови.

„Овие натпревари, еден во дигитална писменост, а другиот во креативните индустрии веќе години наназад се препознаени како синоним за потврда на дигиталните вештини кај младите луѓе. Посебно сме горди што расте бројот на млади кои работат на подобрување на својата дигитална писменост и креативни вештини и се свесни дека знаењето е клучно за нивниот карирен успех и им носи големи придобивки. Дополнително, актуелната состојба која го зафати светот само ја потенцираше потребата за унапредување на дигиталните вештини што е наша главна цел уште од почетокот на нашето работење. “

Оваа година Град Скопје и Општина Куманово обезбедија бесплатно тестирање за учесниците од нивните општини и со тоа ја потврдија нивната заложба за унапредување на дигиталните вештини кај младите. Нивната поддршка на овој проект, им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со интернационален MOS/ACA сертификат како и да се квалификуваат и учествуваат на глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Associate натпревари

Град Скопје обезбеди бесплатен тест за вежбање како и бесплатно полагање на официјалните MOS и ACA испити за учениците од државните средни училишта на ниво на градот. Со поддршка на овој проект им се овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со интернационални и глобално признати сертификати, што им го отвара патот на младите за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера. Во текот на изминатите години, градот директно поддржа повеќе од 2000 ученици сé со цел на што повеќе млади луѓе да им се даде можност да се стекнат со овој меѓународен сертификат кој важи за глобален стандард во светот на дигиталните вештини. Општина Куманово исто така обезбеди бесплатни испити со што ја поддржа и промовира дигиталната писменост кај младите генерации.

Веќе од следниот месец, тестирањата за следниот циклус на националните  MOS/ACA натпревари 2021/22. Од Certiadria ги повикуваат сите заинтересирани млади лица на возраст од 13-22 години да работат на развој на своите дигитални вештини, да се пријават на овој натпревар и да добијат можност да ја претставуваат нашата држава на интернационалниот МOS натпревар.    

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •