12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

ВИДЕО: Оваа заштитна маска ве тестира дали имате КОВИД-19 додека ја носите на уста

Kabtel desktop

Маската ве тестира дали имате корона вирус додека ја носите на уста. Тоа е возможно така што вградениот сензор во маската ги анализира капките плунка кои ги исфрлате во текот на дишењето и ви дава резултат за 90 минути.

Притоа, маската дава исто прецизни резултати како лабораториските PCR тестови и не мора да чекате во редица или да искусите непријатно земање на брис од грлото или од носот.

Маската ја дизајнираше Институтот Вајс на Универзитетот Харвард, а се базира на нова технологија за биосензори. Во хартијата од која е направена маската се ставени замрзнати протеини и биомолекули. Кога ќе се активираат со водата од мал резервоар поставен во маската, сензорот реагира на присуството на одредени молекули како што е генетскиот материјал во честичките од корона врусот.

Креаторите на маската велат дека нивната иновација ќе помогне да се стават под контрола локалните епидемии на КОВИД-19 и да се спречи преносот на вирусот додека истовремено луѓето што ја носат ќе можат редовно да се тестираат.

Но, оваа технологија може да биде ефикасна и после пандемијата. Имено, сензорите ќе може да се стават во облека и да детектираат патогени, токсини или хемиски агенси. Технологијата може дури и резултатите од тестовите да ги испраќа на смартфон.

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •