12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Дејан Миленковски ги произведува првите македонски тортиљи Yummy, 100% од домашни суровини!

Kabtel desktop

Дејан Миленковски е првиот човек на една нова македонска компанија „Бејкинг фектори“, која ги произведува првите македонски тортиљи. Дејан, пандемиската 2020 година, кога светските економии речиси запреа, ја искористил за реализација на својата бизнис замисла која ја имал веќе неколку години и храбро влегол во еден потфат, на домашниот пазар со своите иновативни продукти, да конкурира на веќе позиционирани странски производители на тортиљи.

„Бејкинг фектори“, вели Дејан, засега ќе произведува три типа на тортиља под брендот Yummy, а во иднина ќе лансира уште неколку вкусови. Се подготвуваат и за нов продукт што го нема на нашиот пазар, но идејата засега е тајна.

Дејан, вие сте производител на првите македонски тортиљи. Како дојдовте до идеја да стартувате ваков бизнис?

Интересно, но идејата за производство на првата македонска тортиља дојде на еден семеен ручек. Првично, имавме замисла да произведуваме еден друг тип на производи кои исто така ги нема на домашниот пазар, но во овој момент нема да ги откриеме, бидејќи не се откажуваме од нив и планираме да бидат дел од асортиманот на „Бејкинг фектори“ во иднина. Направивме детална анализа на пазарот и од резултатите падна одлуката да започнеме со производство токму на тортиљи како прв и засега единствен, домашен производител. Од идеjа до реализација на овој проект поминаа две цели години.

Колку време во „Бејкинг фектори“ се печат тортиљи и каде може купувачите да ги најдат вашите тортиљи?

„Бејкинг фектори“ е нова компанија, основана минатата година. Досега  траеше процесот на пробно производство во кој беа ускладени рецептите и се тестираше целата механизација, како и роковите на производите. Неодамна потпишавме договор за дистрибуција на тортиљите на територијата на цела Македонија со компанијата „Нимекс“ кои се и официјално генерален дистрибутер за производите на „Бејкинг фектори“. Првата пратка веќе ја испорачавме и очекуваме до крајот на месецот да бидеме позиционирани во сите подобро снабдени ланци на маркети низ државата.

Какви тортиљи нудите? Што мислите, според анализите на вкусовите на купувачите, кој тип тортиља ќе биде омилен?

„Бејкинг фектори“ за почеток ќе понуди три вкуса на тортиљи од својот бренд Yummy на пазарот и тоа обична пченична тортиља – Yummy Original, потоа пченична интегрална тортиља – Yummy Whole Wheat и тортиља со спанаќ и чиа – Yummy Spinach&Chia. Досега, во периодот на тестирање од пробното производство поделивме над 1.000 примероци од своите производи и според сите анкети кои ги спроведовме тортиљата со спанаќ и чиа е фаворит. Тоа можеби и ќе се промени кога продуктите ќе се лансираат во маркетите пред поголема купувачка публика, но ние, сепак, сметаме дека токму овој вкус ќе биде најпродаван.

Што ве одвојува од конкуренцијата од увозни производители, кои веќе се продаваат на нашиот пазар?

Засега, од пробното производство имаме само позитивни коментари, што дополнително не мотивира да продолжиме понатаму да создаваме квалитетни домашни производи и да работиме на проширување и унапредување на продажниот асортиман. Во моментов сме единствени кои нудиме тортиља со спанаќ на домашниот пазар и сметам дека по тоа ќе бидеме и препознатливи. Во иднина спремаме и дополнителни вкусови кои ќе бидат уникатни и досега невидени кај нас.

Каде набавувате суровини, дали се домашни и дали ги задоволуваат вашите стандарди за квалитет?

Нашите тортиљи се прават исклучително со домашни состојки, освен адитивите, кои ги набавуваме преку домашен добавувач бидејќи се произведуваат само во странство. Нашата земја изобилува со репроматеријали и производители кои поседуваат врвен квалитет, заради што нашиот прв избор остануваат домашните суровини.

Модерната исхрана се обидува да го спои она што е вкусно и она што е здраво. Како вашите производи се вклопуваат во таа слика?

Целиот концепт е базиран на побарувањата од потрошувачите. Тортиљите се оброк чија побарувачка е во пораст, токму поради тоа што се подготвува лесно, брзо и оди буквално во секоја комбинација. Тортиљата е идеална за брзото и динамично темпо на живот. Нашиот асортиман во моментов се базира на вкусови кои се вклопуваат во начинот на здрава исхрана со понудата на интегрални тортиљи и тортиљи со спанаќ и чиа. Имаме разработено уште два рецепти кои планираме да ги пуштиме во продажба до крајот на 2023 година и кои исто така се базираат на здравата исхрана. Тие ќе бидат уникатни и нови на домашниот пазар и се вклопуваат во нашите планови во блиска иднина да го освоиме домашниот пазар. Планираме и пласирање на уште два до три нови вкусови, пред да почнеме и со извоз. Секако, како што веќе спомнав, ќе го прошириме асортиманот и со уште неколку нови производи кои нема да бидат тортиљи, а засега нема да ги откриеме.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •