Играчките во Happy Meal оброците на McDonald’s ќе бидат од обновливи материјали!

- Advertisement -

Популарните детски оброци Happy Meal претставуваат централна компонента во понудата на брендот за брза храна McDonald’s, а нивната популарност во голема мера се должи на играчките кои доаѓаат со нив.

Меѓутоа, компанијата во последните години се стреми кон поголема одржливост на своите производи, па така падна и одлуката дека до 2025 година, сите играчки кои ќе бидат вклучени во детските оброци ќе бидат создадени од обновливи материјали.

- Advertisement -

Во својот амбициозен потфат, McDonald’s ќе користи само „био-базирани и рестително-добиени материјали и сертифицирани влакна“ кои ќе доаѓаат од обновливи извори и ќе можат да се рециклираат.

Компанијата претходно ја тестираше ваквата опција и целосно се префрли на играчки од еко-алтернативи во Франција, по што исто така следеа и пазарите на Обединетото Кралство и Ирска, а сега низ целиот свет.

- Advertisement -

Меѓутоа, промените поврзани со играчките во Happy Meals нема да застанат само на материјалот. Од McDonald’s размислуваат и за нивно персонализирано адаптирање, односно да им се овозможи на децата (и возрасните) да ги модификуваат по свој вкус и избор со дополнителни додатоци и стикери.

Исто така се размислува да се создадат и колекционерски играчки кои ќе се склопуваат од повеќе делови.

Сподели!
- Advertisement -