СЗО повторно истражува дали корона вирусот навистина потекнува од лабораторија во Вухан

- Advertisement -

Светската здравствена организација составува нов тим кој ќе го истражува потеклото на корона вирусот во Кина. Една од првите задачи на тимот ќе биде да се утврди дали КОВИД-19 излегол од некоја кинеска лабораторија, Претходниот тим на СЗО не успеа да ја потврди таа теорија.

СЕЗО составува Научна советничкја група за потеклата на новите патогени, која ќе ги истражува и потеклата на идните вируси, а една од првите задачи ќе и биде да потврди дали корона вирусот „избегал“ од Вухан.

- Advertisement -

Тимот ќе биде составен од 20 специјалисти, вклучувајќ и експерти за безбедноста на лаборатории, генетичари и експерти за животински болести. Теоријата дека корона вирусот потекнал од лабораторија во Вухан во 2019 година беше истражувана како можна причина за епидемијата. Таа теорија се отфрлаше се до ова лето, која повеќе научници истакнаа дека не може да се отфрли таа теорија како невозможна.

Тимот на СЗО која ја посети Кина во јануари годинава, како и извештајот на службите за разузнавање на САД објавен во август годинава не успеаја да ја потврдат теоријата. Тимот на СЗО истакна дека е малку веројатно оти вирусот дошол од некоја лабораторија во Вухан и дека најверојатното сценарио е дека вирусот го пренел некој лилјак или друго животно на луѓето. Извештајот на САд, пак, тврдеше дека нема доволно докази да се потврди теоријата.

- Advertisement -

Останува за почекаме и да видиме што ќе открие новиот тим на СЗО задолжен за тоа прашање.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -