12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Само со одржливо производство на храна и ценење на локалните производители ќе ја спасиме Планетата!

Kabtel desktop

Слоу Фуд (Slow Food) е меѓународна, непрофитна организација со членови и подржувачи насекаде во светот, кои го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон нивната заедница и животната средина. Промовирана како алтернатива на брзата храна, Слоу Фуд настојува да ги заштити од исчезнување традиционалната и регионалните кујни, да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население. Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата.

Николче Николовски е претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија и без многу од неговите заложби, промовирањето на Slow концептот во гастрономијата ќе беше невозможно.

Николче, како го дефинирате концептот slow генерално?

Концептот на „Slow“ значи концепт на бавност, успорување и спротивставување на се што значи брзо и „Fast“ денес, движено од капиталот, трката за профит и глобализацијата каде вистинските вредности на губат важноста. Бавноста значи квалитет кој треба да се ужива и доживее, перцепцијата за убавото да креира свесност за одоговорноста која ја имаме кон Планетата, животната средина, локалните заедници и луѓето околу нас.

Колку кај нас концептот е присутен?

Концептот е нераскинливо врзан за традицијата како појдовна точка во неговото понатамошно градење. Многу одржливи практики за производство и консумација се креирани со генерации наназад и се најдобро адаптирани во локалната средина каде се применуваат, без разлика дали се работи за производство или подготовка на храна или изработка или носење на облека и нивни издигнување како локална култура и се вградени во идентитетот на луѓето кои ги применуваат.

Развојот на индустријата и глобализацијата избришаа голем дел од овие знаења и култура на глобално ниво, но за среќа кај нас се уште има живи традиции, кои треба денес, но и во иднина да ги искористиме во градење на одржлива иднина која ќе го гарантира нашиот опстанок на планетата, бидејќи природните ресурси се трошат, ние треба да ги штедиме и обновување.

Како Slow Food Macedonia ја промовира таа идеја?

Николче:  Храната како суштинска, секојдневна потреба е индикатор за голем број на процеси кои се случуваат во опшеството. Опасностите кои ги споменав најпрво биле детектирани од лица кои биле засегнати за иднината на храната, така се родило и движењето Slow Food во Италија пред 40 години. Подоцна тој концепт започнува да се адаптира и применува во секојдневното живеење како Slow living, градови во кои се живее во благосостојба Citta Slow, па Slow money…. Во поново време и Slow Fashion. Тоа е истиот концепт применет во модата, дизајнот и производството на облека. Тој концепт кај нас во последниов период го промовира SFW и мило ми е што тоа го прават, бидејќи станува за респектирана организација на настан, кој вклучува голем број на млади дизајнери и има влијание во нашето опшество, посебно освестената публика за овие прашања.

Како се роди идејата за соработка со FWSK? 

Николче:  Соработката си дојде сосема природно, бидејќи имаме заедничка визија и цели, како еден вид на коалиција помеѓу две организации, со здружени напори да направат повидливи промени во локалните заедници и во нашето опшество. Светлана е визонер во она што го работи, креирајќи ја програмата на SFW не покани да се вклучиме во еден сегмент од неа и да ги претставиме нашето видување на концептот преку храната и сите заедно да ги пронајдеме точките кои не спојуваат и да ги истражиме поврзаноста  меѓу земјоделството, храната и модата, погледнувајќи ги низ призмата на одржливоста, циркуларната економија, локалната култура.

Раскажете што се направивте и кој се беше вклучен во вечерата во Царев Двор. Како селектиравте и храна и вино?

Николче:  Кога заедно го определивме форматот на настанот која сакаме заедно да го организираме и беше избрана самата локација на настанот, ги вклучивме нашите шефови од Слоу Фуд Алијансата на готвачи Маре Јаневска, Пеце Клечкаровски и Давид Санџаковски кои креираа мени кое претставува практична презентација на концептот на Слоу Фуд, избирајќи висококвалитетни производи од локалните производители. Самото мени раскажува приказна за есента како сезона, локалниот пејсаж, локалната култура и биодиверзитет. Готвачите искористија преку 50 намирници, што значеше еден опфатен процес на комбинирање на различните вкусовиво една симфонија. Ивана Симјановска од Slow Wine секој од ганговите од менито ги спари со вина од мали семејни винарии кои произведуваат вина од локални сорти и користејќи органски методи на производство. Се обидовме да креирање едно гастрономско доживување за гостите на настанот, во кео се надевам дека уживаа, но истиот и ќе ги поттикне на размислување за важноста на прашањата поврзани со одржливоста и иднината.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •