Украинските стјуардеси ги заменија штиклите со патики

- Advertisement -

Дванаесет часа на нозе трае летот од Занзибар до Киев и назад. Ако носите штикли, тешко дека потоа можете воопшто да одите, велат украински стјуардеси од компанијата SkyUpAirlines, една од најмладите нискобуџетни компании во Европа, а пренесува ВВС.

Сега компанијата одлучи од идниот месец старите униформи да се заменат со далеку поудобна варијанта. Не се првите во Европа кои донеле таква одлука, но тоа значи дека се отфрлаат некои стари традиции. Анкетата која ја направиле во SkyUpAirlines покажала дека на жените им е здосадено да носат високи штикли, тесни кошули и сукњи.

- Advertisement -

„Многу колешки се постојани пациенти затоа што нивните прсти и нокти на нозете се постојано оштетени од носењето високи штикли“ велат стјуардесите.

Поради сето тоа украинската авиокомпанија реши целосно да ги смени униформите за стјуардеси. Тие во иднина ќе носат патики, широки портокалови јакни и панталони.

- Advertisement -

Типичната стјуардеса е веројатно многу сексуализирана и се асоцира со женственост многу повеќе отколку која било друга професија, велат експерти за родови прашања. Тоа посебно е случај во Украина, каде што одамна постои стереотип за жените кои повеќе се фокусирани на физичкиот изглед отколку жените во западните земји.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -