12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Пет лични карактеристики кои компаниите ги бараат кај кандидатите за вработување

Kabtel desktop

Како и во секој меѓучовечки однос, процесот на избирање меѓу компаниите и потенцијалние вработени претставува размена на најголема количина информации за да се знае дали се компатибилни и дали заедно ќе можат да постигнат одредени цели.
Суштински дел од таа размена на информации се личните карактеристики кои компаниите ги бараат кај идеалните кандидати. Иако многу експерти на тоа поле ќе препорачаат да биде што пооригинални на интервјуата за работа, тие не негираат дека постојат одредени лични карактеристики кои компаниите сметаат дека се попривлечни.

Тие секогаш советуваат да бидеме што поавтентични, меѓутоа анализата која ја направи компанијата SherlockHR на повеќе од 20.000 работни кеста во Мексико идентификуваше 5 лични карактеристики кои компаниите ги бараат кај кандидатите за работа.

1.Бидете независни
Иако тоа може да изгледа чудно, но компанитие бараат луѓе кои се доволно независни за да можат сами да се организираат и не бараат постојано следење и надзор при вршењето на работните задачи.

2.Бидете друштвени
Во зависност од кој тип на работа е, во поголема или помала мера компаниите бараат луѓе кои можат да учествуваат и ефикасно да комуницираат со својата околина, со тимот и со колегите.

3.Бидете проактивни
Луѓето кои постојано се во движење и се фокусирани на добрите перфомранси поверојатно ќе преземат иницијатива и ќе направат се за да подобрат одреден аспект на компанијата наместо да чекаат други да го направат тоа.

4. Бидете лидер
За работните места кои делегираат одговорност потребни се лидери кои знаат како како даводат тимови во различни сценарија и контексти. Исто така и луѓето кои имаат способност за пренесување на знаење и искуство.

5.Бидете стратег
Оваа карактеристика е неопходна за постигнување на целите на организацијата, за да бидете способни да анализирате различни сценарија и да вршите проценка на ризик за сето тао да се сведе на минимум.

(Bizlife)

(фото: )

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •