-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Скопје станува регионална трговска престолнина

Kabtel desktop

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови.

Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист Гејт Мол се наоѓа на само 5 минути од центарот на главниот град на Македонија и е веднаш до автопатот М4. Ист Гејт Мол се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, Ист Гејт Мол е импресивен по својата модерна архитектура, во која секој сегмент од фасадата, преку импресивни сводови и елегантни излози и продавници, пространи плоштади и оази за релаксација и одмор, создава чувство да се биде центар на неговиот свет. Уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што ќе имате можност да истражите разни светски кујни и да ги задоволите сите ваши сетила, а модерно опремените кина ќе ви овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини. Тоа е место каде што ќе бидете сигурни дека вие, вашите желби и очекувања, сте самиот центар на светот.

Ист Гејт Мол е инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!