Ендава ја зајакнува позицијата во Јадранскиот регион со неколку нови локации

- Advertisement -

Kако одговор на влијанието што пандемијата го има врз секојдневниот живот, Ендава постојано дава приоритет на безбедноста и благосостојбата на своите вработени низ целиот свет.  И покрај тековната ситуација во светот, во последната фискална година Ендава забележа успех во сите региони и вертикали, постигнувајќи  годишен раст од 30,4%. Претставништвото во Скопје исто така расте и има многу отворени позиции кои допрва треба да се пополнат со амбициозни   ИТ професионалци.

Извршниот директор на Ендава, Џон Котерел објаснува како вредностите и начинот на работа на компанијата придонесоа за успехот сред пандемија. Прочитајте повеќе за тоа што значи новоформираниот Јадрански регион – за компанијата, за клиентите и за вработените .

- Advertisement -

Какви придобивки имаат клиентите од проширувањето и растот на Ендава во Јадранскиот регион?

Бидејќи Ендава расте многу брзо, не само што ги унапредуваме вработените во посериозни и посениорски позиции, туку сме и во потрага по најдобрите луѓе од сите локации каде што сме присутни, поврзувајќи ги со нови можности и меѓународни клиенти и проекти. Ако станете дел од Ендава, добивате пристап не само до одлична ИТ кариера, туку и до одлични проекти од САД, Велика Британија и многу други локации низ Европа.

- Advertisement -

Во суштина, ги поврзуваме техничките и бизнис предизвиците на овие клиенти со нашите вработени oд Јадранскиот регион.

Каков потенцијал има Јадранскиот регион во полето на софтверските услуги, со оглед на високата конкуренција на пазарот?

- Advertisement -

Една од работите што ја прави Ендава толку успешна компанија е фактот што нè препорачуваат луѓе, па постоечките  клиенти повторно се враќаат кај нас. Тоа покажува дека одлично сме ја сработиле работата и клиентите ни се задоволни. Секоја година околу 90% од нашата работа е за клиенти со кои и претходно сме соработувале.

Истото важи и за луѓето  што ги вработуваме. Многу од новите вработени доаѓаат преку внатрешни препораки, а тоа се околу 40% од новата работна сила. Ова значи дека некој што веќе работи во Ендава им ја предложил компанијата како одлично место за работа.

Што ветува Ендава на врaботените? Што ве одделува од другите?

Најпознати сме по вложувањето во напредокот на нашите вработени со цел да го достигнат нивниот целосен потенцијал. Ова се постигнува преку развој на нивните кариери, задавање нови предизвици и запознавање со различни култури, индустрии и клиенти.

Во Ендава добивате можност да ротирате во неколку различни области од индустријата и да бидете дел од голема, глобална заедница на технички експерти. Стекнувате искуство со изработка на решенија за клиентите во динамична средина, но имате можност и да соработувате и споделувате идеи со различни тимови. Сето ова води до одлични разновидни кариери во индустријата.

На лично ниво, нашите вработени се дел од т.н. „Pass it on” култура, која се развива преку интерни настани посветени на проширување на знаење и споделување искуство, платформи преку кои можат да се поврзат според сличните интереси и хобија, и силно изразена култура на препознавање и наградување на „Ендавистите“ кои ги демонстрираат вредностите на компанијата во секојдневното работење.

Ако ова ви звучи како интересен предизвик, погледнете ги отворените позиции во Скопје и  аплицирајте: https://bit.ly/3AHiKd5

Или, ако повеќе би сакале да поразговарате со нашиот локален тим, контактирајте нè на recruitmentskopje@endava.com

Сподели!
- Advertisement -