5.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Научници тврдат дека можеме да ја намалиме емисијата на гасови за дури 68%

Kabtel desktop

Авиоиндустријата е одговорна за околу 2% од глобалната емисија на стакленички гасови, што ги натера научниците да бараат поодржливи алтернативи. Еден од нивните последни напори е од истражувачи од Универзитетот Џорџија, кои развиваат гориво од еден вид на растение од кое се добива сенф. Новото гориво има капацитет да ја намали емисијата на стакелнички гасови за до 68%.

Тимот истражувал колкава треба да биде цената на одржливото гориво за да се надомести за емисијата на стакленички гасови. Горивото се добива од маслото од брасика карината, односно од семето од растението познато и како етиопски сенф. Нивното истражување е објавено во списанието GCB Bioenergy и е последното од низата студии со цел пронаоѓање поодржлива алтернатива за гориво за авиони.

„Горивото добиено од карината може да го намали карбонскиот отпечаток на авиосекторот и истовремено ќе создаде економски можности и подобрување на екосистемот во целиот јужен регион“ изјави Пунет Двиведи, професор на Универзитетот Џорџија, која ја предводел студијата.

Новата студија на Универзитетот Џорџија доаѓа откако претседателот Џо Бајден предложи ново даночно олеснување за одржливи горива како дел од Големиот предизвик за одржливо гориво за авиони со цел да се намали емисијата од авиоиндустријата за 20% до 2030 година и да се достигне 0 емисија на гасови до 2050 година. Даночното олеснување ги опфаќа сите горива кои имаат 50% помала емисија на гасови, а горивото на Универзитетот Џорџија има и повеќе од тоа.

Освен тоа, според проценките, производството на одржливото гориво ќе чини од 0,12 до 1,28 долари за литар, што заедно со даночните олеснувања ќе биде поевтино отколку 0,50 долари за литар колку што сега чини производството на керозинот.

(Interesting Enigneering)

(фото: Twitter)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!