13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Кoмпанијата Singular стана дел од најголемата светска igaming групација

Kabtel desktop

Flutter Entertainment Plc се здоби со 100% удел во Singular. Технологијата на компанијата препознаена како еден од клучните мотиви за оваа аквизиција која за Singular отвара можности за експанзија на нови пазари.

Flutter Entertainment Plc е едена од најголемите групации во iGaming индустријата оперативна на повеќе од сто територии на глобалниот пазар. Компанијата е најпрепознатлива по својот водечки бренд PokerStars како и други светски познати имиња. PaddyPower,  FanDuel, SportsBet се само неколку примери.

Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter каде веќе успешно фукнционираат Junglee Games, Betfair и Adjarabet, уште неколку звучни брендови во ова поле. Adjarabet е долгогодишен клиент на Singular преку кој Flutter директно се спозна со начинот на работа на Singular, особено флексибилност и агилноста на тимот во развојниот процес на еден технички комплексен производ.

Покажаниот интерес на Flutter да ја превземе Singular под својата капа на водечки брендови претставува големо признание за техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, за понатамошен раст и развој.

Еден од главните постулати на интернационалната дивизија се заснова на идејта за аквизирање на бреднови кои имаат потенцијал за меѓународен раст. Singular со досегашниот успех и докажан квалитет на софтвер се вклопува во стратегијата на Flutter за експанзија на нови пазари.

Ова е огромно достигнување на луѓето во Singular. Истото претставува резултат на долгогодишна посветеност, напорна  работа и тимски труд со цел да создадеме производ кој ќе се носи со предизвиците на глобалниот пазар. Со ова,  Singular започнува ново поглавје како составен дел на една од најголемите групации во iGaming индустријата на светско ниво. изјави Дарко Гацов, еден од ко-основачите на Singular.

Аквизицијата не само што отвара нови можности за меѓународна експанзија на Singular, туку, отвара и нови врати и канали за размена на идеи, знање, и иновација како на компаниско, така и на индивидуално ниво. Flutter International претставува платформа која на тимот на Singular му дава пристап до опсежно портфолио на глобални проекти, како и доплнителни можности за развој на мултидсциплинарна и меѓународна кариера.

Оперативното работење и менаџмент тимот остануваат непроменети. Групацијата Flutter е препознатлива по својата инклузивна култура која има за цел да го поддржи растот на индивидуалните брендови, во исто време овозможувајќи задржување на својот компаниски идентитет.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!