5.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

AstraZeneca Има нов лек за КОВИД-19 кој ќе штити и до 18 месеци

Kabtel desktop

AstraZeneca подготвува нова терапија против болеста КОВИД-19, која луѓето би можела да ги заштити од тежок облик на болеста и од смрт и ќe им даде до 18 месеци заштита. Компанијата сега ги објави резултатите од третата фаза на клиничките тестирања, а резултатите покажуваат дека терапијата е ефикасна во намалување на ризиците од потежок облик на болеста и смртен исход.

Терапијата содржи антитела кои обично се стекнуваат преку природен пат во телото на човекот како одговор на заразата со новиот корона вирус или како реакција на вакцина. Тие антитела ги препознаваат специфичните делови од вирусот САРС-КоВ-2 и или директн напаѓаат или се врзуваат за нив за да спречат нормално функционирање на вирусот и така ги означуваат за уништување.

Откако ќе ја завршат својата задала на чистење на вирусот, тие антитела се задржуваат во телото одреден временски период и стануваат дел од меморијата на човечкиот имунитет. Со дргуи зборови, ако истиот вирус се повтори, имунитетот веднаш реагира, повторно ги произведува и тие веднаш се фрлаат во акција.

AZD7442 користи специјални антитела кои се нарекуваат моноклонални антитела, кои се произведуваат во лабораторија и го имитираат природниот одбранбен систем на телото, односно во овој специфичен случај го имитираат одговорот на имунитетот на новиот корона вирус.

AZD7442 е коктел од две врсти моноклонални антитела – тиксагевимаба и цилигавимаба. Тие антитела се дизaјнирани така што ја намалуваат тежината на инфекцијата со новиот корона вирус и на тој начин спречуваат развој на тежок облик на болеста. Тие антитела се врзуваат за различни делови од шилестиот протеин на корона вирусот, а се верува дека терапијата е ефикасна затоа што ја стопира способноста на вирусот да се размножува.

Разликата меѓу овие и други терапии со моноклонални антитела е тоа што антителата AZD7442 се модифицирани за подолго да се задржуваат во телото. Научниците се надеваат дека една доза од тие антитела ќе може да обезбеди од 12 до 18 месеци заштита од потежок облик и од смрт.

Треба да се нагласи дека овие податоци ги објави Астра Зенека, =и не се формално рецензирани од независни научници.

(The Conversation)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!