Љубљана повторно е најзелен главен град во Европа

- Advertisement -

Љубљана повторно е прогласена за најзелена престолнина во Европа од вкупно 20 најдобри зелени престолнини во Европа. Титулата од European Best Destinations е големо признание за визијата на Љубљана за одржлив развој на туризмот.

При составувањето на листата 20 најдобри зелени престолнини во Европа, организацијата European Best Destinations (EBD) аналзиирале различни перспективи како одржливост, квалитет на воздух и вода, јавен транспорт со нула емисија на CO2, зелени површини по жител, процент на луѓе кои пешачат, возат велосипед или користат јавен превоз до работа, квалитет на живот и број на километри велосипедски патеки.

- Advertisement -

Таа вест ја сподели и магазинот Forbes, кој има над 80 милиони читатели, и напиша: „Љубљана, главниот град на Словенија, со најголем процент на зелени површини по жител во Европа, е рангиран на прво место како европска најзелена престолнина“.

Но, не само што е најзелена престолнина во Европа, Љубљана е и единствениот главен град во Европа кој шест пати по ред се наоѓа на топ 100 листата со одржливи дестинации.

- Advertisement -

Во продолжение можете да ја видите целосната листа со топ 10 најзелени престолнини во Европа.

1.Љубљана, Словенија

- Advertisement -

2.Хелсинки, Финска

3.Лахти, Финска

4.Берн, Швајцарија

5.Гренобл, Франција

6.Стокхолм, Шведска

7.Копенхаген, Данска

8.Нијмеген, Холандија

9.Талин, Естонија

10.Осло, Норвешка

(gov.si)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -