САД ја одобри вакцината на Pfizer за деца од 5 до 11 години

- Advertisement -

Американската управа за храна и лекови вчера да одобри вакцината на Pfizer/BioNTech против КОВИД-19 за децата на возраст од 5 до 11 години, со што оваа вакцина стана првата одобрена вакцина во САД за децата на таа возраст.

После оваа одлука се очекува дека вакцината ќе биде достапна за 28 милиони американски деца, од кои голем дел се вратија на училиште. Одлуката е донесена откако стручен панел го препорача одобрувањето.

- Advertisement -

Идната недела треба да се состане американскиот Советодавен одбор за контрола и превенција на болести за да ги разгледа препораките за примена на вакцината кај децата, а главниот збор ќе гo има Центарот за контрола и превенција на болести.

Само неколку земји во светот, клучувајќи ги Кинба, Индија, Кува и ОАЕ, досега одобрија вакцини против КОВИД-19 за деца на оваа возраст. Управата за храна и лекови ја одобри дозата од 100 микрограми на вакцината на Pfizer за мали деца, во споредба со дозата од 30 микрограми за деца од 12 години нагоре.

- Advertisement -

Pfizer и BioNTech објавија дека нвната вакцина е ефикасна во 90,7% од случаите во заштитата од корона вирусот во клиничките испитувања на деца од 5 до 11 години. Иако децата релативно тешко се заразуваат или умираат од КОВИД-19, некои деца имаат компликации, а заразата меѓу невакцинираните деца е во пораст поради лесно преносливата делта варијанта.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: cc.null.de)

Сподели!
- Advertisement -