Македонски телеком ги зголеми приходите од продажба за 5,7 проценти

- Advertisement -

Приходите од продажба на Македонски телеком се зголемени за 5,7 проценти во првите девет месеци од годинава во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 8.378 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 8,6 проценти, во споредба со истиот период претходната година, соопшти денеска телекомуникациската компанија.

Оттаму наведуваат дека со инвестиција од 45 милиони евра за периодот 2021-2025 година, ја модернизирале радио пристапната мрежа низ целата држава со најнова опрема од петтата генерација.

- Advertisement -

-Во моментов, една третина од мобилната мрежа е целосно подготвена за обезбедување 5G услуги. Продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа и расте бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите девет месеци од годинава, повеќе од 240 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година, информираат од МТ.

Дополнуваат дека го потврдуваат лидерството на ТВ пазарот со својот удел од 34,4 проценти.  Во првите девет месеци, базата на корисници е зголемена за 3,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 145 илјади корисници. Приходите од овој сегмент пораснале за 3,1 проценти.

- Advertisement -

Македонски Телеком, според соопштението, бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 4,7 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 4,1 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува 195,7 илјади, а уделот на пазарот е 49,8 проценти. Зголемен е и бројот на корисници на фиксна телефонија за 2,5 проценти и на мобилна за 5,1 проценти. И приходите од мобилните услуги во првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 7,1 проценти во споредба со истиот период лани.

Сподели!
- Advertisement -