-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Автомобилот Lightyear One може да вози со месеци без да ги полни батериите

Kabtel desktop


Во иднина соларните електрични возила нема да мора да се полнат повеќе од еднаш до двапати годишно. Имено, производителот на соларни електрични возила, Lightyear неодамна ја сподели последната новина од развојот на нивното возило Lightyear One. Холандската компанија откри дека успешно направиле 20 тестови на издржливост на Lightyear One со цел да развијат автомобил кој ќе може со месеци да вози без да има потреба да ги наполни батериите.

Во интервју извршниот директор на Lightyear, Лекс Хефслот, изјави дека нивниот прв модел во Холандија летово возел со месеци без да се наполни, под услов да се користи за пократки градски релации.

Бројките кои може да се видат на страницата на Lightyear покажуваат дека не сме толку далеку од електрилни соларни возила кои ќе имаат неверојатно голем досег. Нивниот прв модел , како шпто велат од компанијата, троши по 83 Wh/km, што е трипати помачои отколку кое било друго електрично возило во светот во моментот. Со користење соларни панели на кровот возилото може да се полни со стапка од 12 км на час. Засега, велат од Lightyear, доволно е да им овозможат на бројни возачи секојдевно да можат да патуваат на пократки релации користејќи соларна енергија. Тоа е одлична вест за сите Европејци со оглед ан тоа дека просечното време на патување од дома до работа и обратно е околу 30 минути, покажуваат податоците на Европската комисија.

Се разбира, техногијата за возила на соларна енергија е уште во зачеток и допрва ќе се подобрува во текот на идните години. Како што објаснува Хефслот, глобалната цел е да се фокусираат на одржливост. „Веќе има повеќе земји во Европа кои сакаат да забранат возила со внатрешно согорување до 2030 година. Тоа е одлична вест, но веруваме дека мора да се фокусираме на транзицијата кон соларни автомобили. Дизајнирањето уште поефикасни соларни панели многу ќе помогне со таа транзиција“ објасни Хефслот.

Една од главните пречки за комерцијализацијата на електричните возила на соларен погон е тоа што моментално соларните панели функционираат со ефикасност од 20%-35%, што значи дека мора да се додаваат повеќе панели, а тоа додава на тежината и на цената на возилата.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!