Во Грција Задолжителен Европски ковид сертификат и рапид тест за деца

- Advertisement -

Многу од граѓаните од земјава кои викендов заминаа за Солун, на шопинг, прошетка покрај море или едноставно ручек или кафе во некој од своите омилени ресторани, на стартот на ова викенд уживање имаа и непријатно искуство.

Имено, во сите омилени продавници во кои поитаа да се подноват со по некое модно парче, наидоа на љубезни, но и непопустливи вработени, „наоружани“ со таблети и мобилни телефони, кои им го побараа нивниот ковид сертификат.

- Advertisement -

Но, маките не завршуваа тука. Дел од Македонците кои не го симнале Дигиталниот европски ковид сертификат, не можеа да влезат буквално во ниту еден дуќан. Нашите ковид сертификати кои ги имаме испечатени во хартиена форма или на мобилните телефони, грчките читачи едноставно не ги препознаваат.

Вработените во моловите и продавниците за облека велат дека без Дигитален европски ковид сертификат не смеат да ве пуштат, бидејќи казните се многу високи.

- Advertisement -

Дел од нив, сепак, беа прилично љубезни да им објаснат на Македонците „шопингаши“ дека на нашиот сајт Вакцинација.мк, може да се симне Дигиталниот европски ковид сертификат, кој потоа читачите го препознаваат, по што „нападот“ низ солунските модни брендови може да почне.

Сепак, само европскиот дигитален сертификат не е доволен, па при влез во речиси секоја продавница ќе мора да прикажете и документ за идентификација, односно вашиот пасош или лична карта.

- Advertisement -

Имено, малите деца за кои не е задолжително да се покаже негативен ПЦР тест на граница, не можеа да влезат во продавнците. За нив вработените во дуќаните бараа задолжително негативен рапид тест, што ги изложи на дополнителни трошоци нашите граѓани.

Инаку, овие нови мерки во Грција стапија на сила токму од вчера утрото. Сето ова е обврзно за речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите. Децата, пак, од четири до 17 години, може да влезат само со негативен резултат од брз тест.

Извор – Vrabotuvanje.mk

Сподели!
- Advertisement -