Амстердам постави писоари со марихуана

- Advertisement -

Холандската престолнина, Амстердам, постави писоари со марихуана со цел да ги спречи луѓето да уринираат на јавни места и површини. Писоарите ги дизајнираше локалната компанија GreenPee, а се специјално создадени за да се спречи јавното уринирање и како одржлива алтернатива на обичните јавни тоалети, особено затоа што се планира повторно отворање на пабовите и рестораните во земјата.

Луѓето треба да уринираат на страничните делови од писоарите, а во внатрешноста урината се меша со исушена марихуана и со тоа се добива органско ѓубриво.

- Advertisement -

GreenPee сака да ја намали употребата на вода во јавните тоалети и истовремено да се добие некој корисен производ. Ова нивно иновативно решение пред се е наменето за туристите, кои уринираат по ѕидовите нз зградите и куќите и по тесните улички.

Вакви писоари веќе се поставени и во неколку други холандски градови, како и во еден град во Белгија. Градските власти во Амстердам се одлучиле да инвестираат доста пари во ова решение откако пилот-проектот покажал дури 49% намалување на јавното уринирање.

- Advertisement -

(Mashable)

(фото: GreenPee)

Сподели!
- Advertisement -