ВИДЕО: Mobile Box е мобилен систем за претворање на воздухот во вода

- Advertisement -

Израелската компанија Watergen лансираше нов генератор на вода од атмосферски воздух. Уредот се вика Mobile Box и доаѓа во многу компактен облик со тежина од само 16,5 кг, што значи дека можете едноставно да го ставие во багажникот од автомобилот и да знаете дека каде и да сте, можете сами да си направите свежа, чиста, здрава и филтрирана вода за пиење.

Прехтодните уреди на Watergen од тој тип беа значително поголеми, гломазни и стационарни и беа наменети за поголеми заедници, компании и домаќинства, па израелската компанија со помош на новите технолошки напредоци го намали хардверот и разви генератор на вода кој можете да го носите каде било со вас.

- Advertisement -

Mobile Box изгледа како радиционален генератор на струја, но наместо да користи гориво за добивање електрична енергија, користи струја за извлекување вода од воздухот. Уредот може да се напојува со струја од возилото од 12 или 220 V, а системот го вовлекува воздухот и го турка низ систем за филтрирање кон патентиран изменувач на топлина, кој пак ја извлекува водата со кондензирањеи и процесирање низ филтрациски системи од повеќе нивоа.

Од Watergen велат дека Mobile Box може да произведува до 20 литри вода дневно.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Watergen )

Сподели!
- Advertisement -