14.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Идната година ќе заплови првиот товарен брод на амонијак во светот

Kabtel desktop

На климатската конференција COP26 беше најавено запловувањето на првиот „зелен“ товарен брод во светот. Претседателот на управниот одбор на компаијата Fortescue Future Industries (FFI), д-р Ендрју Форест, на конференцијата ги повика сите присутни светот да с еодлучи за транзиција на целиот бродски промет кон зелен погон до 2040 година.

Како еден од примерите за технологија која ќе го овозможи тоа Форест го наведе податокот дека МMA Offshore Limited во текот на следните 12 месеци ќе го конвертира првиот брод од 75 метри наречен MMA Leveque да може да плови на маонијак.

Ова пловило е регистрирано во Сингапур, а досега главно се користело за транспорт на течности и хемикалии за рударската индустрија до морските платформи во Австралија и Нов Зеланд, а моментално работи со четири дизел-електрични Cummins мотиори со вкупна моќ од 6.920 коњски сили.

Иако FFI не ги објави деталите за погонскиот систем на првиот брод на амонијак, се претпоставува дека тоа ќе биде модифициран мотор со внатрешно согорување, каков што компанијата веќе користеше за конвертирање на дизел локомотиви.

(Vidi.hr)

(фото: Pixnio)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!