13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Шпаркасе банка отвори нов повик за поддршка на стартап бизниси во рамки на прогарамата „Чекор по чекор“

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Шпаркасе Банка денеска објави нов повик за учество во програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка веќе четврта година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Северна Македонија, која беше лансирана во октомври 2018 година во соработка со партнерите Business Impact Lab и Startup Academy. Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка АД Скопје во претходните три циклуси успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите Business Impact Lab и Start Up Academy, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk), а сите заинтересирани учесници во четвртиот циклус ги покануваме да се пријават со пополнување онлајн апликација на следниот линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!