-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Научници сакаат да активираат магнетно поле околу Марс за да може луѓето да живеат таму

Kabtel desktop

За долгорочно присуство на луѓето на Марс потребна е стабилна атмосфера која не губи премногу честички и не ги „спржува“ човечките тела со високата радијацијаа. За тао да го овозможат научниви од повеќе универзитети и организации, вклучувајќи ја и НАСА, предлагаат да ги заштитиме луѓето кои ќе живеат на Марс со активирање на магнетно поле околу планетата, кое ќе штити од смртоносната атмосфера таму.

За да биде возможно долгорочно човечко присуство на Марс мора сериозно да размислуваме за трансформација на планетата. Еден битен момент од таа трансформација е воспоставување заштита со планетарно магнтно поле, кое Марс моментално го нема“ велат научниците.

Земјата има силно магнетно поле, но полето на Марс е премногу слабо и фрагментирано. Една од првите цели на трансформацијата на Црвената планета, според нивниот научен труд, е зголемување на атмосферскиот притисок над т.н живеат без да носат скафандери. Под таа граница водата во белите дробови, во очите и плунката ќе зовријат.

Колкаво магнетно поле ќе биде потребно? Тимот научници велат дека силата потребна да се рефлектираат, на пример, соларните ветрови е истата која ја има еден магнет за на фрижидер. Но, ќе мора да го генерираат тоа поле околу целата планета, а тоа е голем предизвик.

Научниците предлагаат неколку начини на кои може да се направи тоа. Едениот вклучува рестартирање и циркулирање на железното јадро на Марс, создавање еден голем прстен од магнети или наелектризирани честички со вештачки електризиццтет. Тоа значи дека има опции кои вклучуваат поставување хардвер во орбитата или на површината на Марс.

Секоја од опциите има позитивни и негативни страни, а тимот заклучува дека рестартирањето на јадрото на Марс е најтешко изводливо и создавањето плазма со материјали од Месечината нема значително да ги еродира сателитите на Марс.

(Futurism)

(фото:  YouTube)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!