-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Wine Berry – нов вински бар и продавница со уникатен концепт

Kabtel desktop

Wine Berry е новиот вински бар и продавница отворен во центарот на градот. Со уникатен концепт нуди повеќе од 150 вински етикети, од странски и домашни винарии. Единственоста на Wine Berry започнува од големиот но внимателно составен избор на етикети, пријатната атмосфера и стручната консултација и сугестија што купувачот може да ги добие. Во Wine Berry може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Португалија, Шпанија, Аргентина.

Wine Berry уживањето во виното го прави достапно за секого а не привилегија само за познавачите, според сопственичката на винскиот бар, Јадранка Клариќ Кимовска, долгогодишен вински работник со огромно искуство и вински витез во Македонија.

“Ако вински бар и продавница е место каде што се нуди најголемиот и најдобриот избор на вина, мисијата на Wine Berry е покрај со големиот избор уште и со правилно насочување на купувачот да му се овозможи преку познавање на виното, поголемо уживање. Овде секој ќе може да добие насоки за потеклото на виното, за сортата, за основните ноти, за храната со која се препорачува, што да бара и што да добие од виното”, вели сопственичката Јадранка Клариќ Кимовска.

Вината се достапни за дегустација на чаша и за купување во оригинална амбалажа и тоа по пристапни цени, а исто така се нуди и можност за мали групни дегустации што е посебно искуство во пријатните амбиент и атмосфера на Wine Berry. Во продавницата се нуди и голем спектар вински аксесоари, за домашна но и за употреба во хорека синџирот.

Винскиот бар и продавница Wine Berry во Скопје е лоциран на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, број 36.

 

 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!