Xiaomi oтвори продавница во Скопје, дом на врвната Xiaomi и Redmi мобилна технологија

- Advertisement -

СЕКОГАШ ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ПРЕКРАСНО!

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е компанија за електроника за широка потрошувачка и паметно производство, со примарен фокус на паметни телефони, паметен хардвер и платформата за Интернет на нештата (IoT).

- Advertisement -

Со еднаков акцент на иновациите и квалитетот, континуирано целиме кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Неуморно градиме врвни производи со реални цени, за да им овозможиме на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија.

Веќе добро препознатливиот „MI“ знак во нашето лого првично значеше „Mobile Internet“, но денес тоа има повеќе значења за нас, меѓу кои е и „Mission Impossible“, затоа што Xiaomi се соочи со многу предизвици кои на почетокот изгледаше дека е невозможно да се надминат. Денес сме горди на фактот што веќе 11 години успешно креираме квалитетна технологија достапна за секого.

- Advertisement -

Од средината на 2020 година, Xiaomi се искачи на второто место на глобалниот пазар на паметни телефони. Исто така, ја воспоставивме водечката светска платформа за потрошувачи AIoT (AI+IoT), со над 374,5 милиони паметни уреди поврзани на неа, не вклучувајќи ги паметните телефони и лаптопи.

Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021 година, нашата компанија по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи се на 338-то место, што претставува раст од 84 места во споредба со 2020 година.

- Advertisement -

Нашата култура

“Само за фанови” – ова е нашето верување, затоа што нашите најголеми Xiaomi фанови се нашата водилка. Среќни сме што нашата визија се исполнува: да станеме пријатели со нашите корисници и за нив да бидеме најкул компанијата со којашто некогаш биле во контакт. Ние сме достапни во секое време за нашите корисници, на сите поголеми социјални мрежи.

Впрочем, голем дел од вработените во Xiaomi беа меѓу првите фанови пред да се приклучат на нашиот тим кој е посветен на создавање совршенство, постојано усовршувајќи ги и унапредувајќи ги нашите производи, со цел да создадеме најдобро можно корисничко искуство.

Од взаемната почит и доверба со нашите фанови во септември годинава произлезе „Xiaomi Fan Story“, серија документарни филмови снимени како придонес од глобалната заедница на Xiaomi. Преку оваа серија, глобалната заедница се собра за да соработува и да го пренесе „Just for fans“ духот на брендот на Xiaomi.

Овој документарен филм од шест епизоди е збирка од вистински приказни што фановите ги снимиja за нивните сопствени животи. Видеата прикажуваат шест фанови на Xiaomi, кои потекнуваат од различни делови на светот, вклучувајќи ги Пакистан, Полска, Виетнам, Португалија и Италија. Серијата не само што ја документира нивната упорност додека ги следат своите страсти, туку илустрира како брендот Xiaomi стана составен дел во поддршката на нивните амбиции.

Нашата посветеност и верба во иновациите, заедно со поддршката од фановите, се движечките сили зад нашите уникатни Xiaomi производи. Затоа сме бестрашни во тестирањето на новите идеи и поместувањето на нашите сопствени граници.

Транспарентност

Транспарентноста е уште еден аспект во работењето кој е од клучна важност за нас. Важно е нашите корисници да знаат какви информации собираме, зошто е тоа потребно и како тие се користат. Затоа им помагаме да донесат информирани одлуки додека ги користат нашите производи и услуги, со тоа што сме експлицитно јасни за нашата практика за податоци преку достапни и разбирливи информации.

Кога станува збор за приватноста, контролата над податоците секогаш останува индивидуален избор кој им припаѓа на корисниците, а ние собираме податоци само со нивна согласност. Секој корисник може да побара пристап, корекција или бришење на сочуваните информации преку центарот за поддршка за приватност во секое време.

Сите кориснички податоци се заштитени со нашите безбедносни механизми кои се тестирани и сертифицирани од водечките светски експерти. Тие се пренесуваат преку шифрирани комуникациски канали и се складираат кај најдобрите глобални „cloud“ провајдери.

Посветени сме на воспоставување стандардизирана и прогресивна процедура за проценка на влијанието врз приватноста за да се осигураме дека нашите производи и услуги се усогласени со законите и прописите за заштита на податоците.

Веруваме дека технологијата за вештачка интелигенција го подобрува и збогатува корисничкото искуство на нашите електронски производи за широка потрошувачка. Затоа во моментов ги користиме следните алгоритми за вештачка интелигенција во нашите уреди: оптимизација на сликата на камерата, намалување на шумот во гласовната комуникација, отпечаток од прст и отклучување со лице.

Нашите алгоритми за вештачка интелигенција никогаш не пренесуваат никакви кориснички податоци. Сите алгоритми за вештачка интелигенција работат само на локалниот уред на корисникот и сите податоци обработени од овие алгоритми се складираат само на локалниот уред на корисникот.

Xiaomi во Скопје

На наше огромно задоволство, како и на задоволство на нашите корисници и фанови, на 25 ноември ја отворивме Xiaomi продавницата во Скопје, која еднакво како и останатите илјадници продавници во светот, ќе биде дом на врвната Xiaomi и Redmi мобилна технологија, паметни уреди за домот, телевизори, аудио и видео опрема, како и лајфстајл производи за секаква намена.

Сподели!
- Advertisement -