-1.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Претставен авион кој може да патува меѓу кои било две точки на планетата во само еден лет

Kabtel desktop

Нов патнички авион кој како гориво користи водород конечно и беше претставен на јавноста. Тој авион може да овозможи летови во кој било дел од светот без штетна емисија на гасови, а би го скратил и времето за патување и би ги намалил меѓународните летови кои се штетни по околината.

Станува збор за британскиот проект FlyZero, чиј авион лета со иста брзина како и патничките авиони, но затоа има значително поголем досег. Како што истакнуваат неговите креатори, може да го прелета растојанието од САД до Европа или Австралија без да мора да застанува по пат.

За жал, ќе мора да почекаме да се увериме дека тоа е навистина така затоа што првите летови со тој авион се очекуваат на средината на 2030-те години. Истражувањето на Институтот за воздушна и вселенска технологија покажа дека водородот има голем потенцијал за поврзување на целиот свет без никаква емисија на штетни честички. Оваа револуционерна зелена технологија веројатно ќе одигра клучна улога во декаробнизацијата на летањето.

Авионот како гориво би користел течен водород, истиот кој се користи за автомобили и кој произведува значително повеќе енергија од керозинот, а притоа не ослободува јаглерод диоксид. Освен климатските предности, водородот е и трипати полесно гориво од керозинот. Тоа значи дека за истиот лет на исто растојание ќе биде потребно трипати помала количина водород во псоредба со керозинот, односно авионот ќе може да стави многу повеќе водород и да помине значително многу поголемо растојание.

(IFL Scence)

(фото: Aerospace Technology Institute)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!