Кои се најкористените емотикони во 2021?

- Advertisement -

Непрофитната организација Unicode Consortium, задолжена за одржување и промовирање на меѓународниот информациски стандард за енкодирање на дигитален текст Unicode, го објави својот извештај за употребата на емотикони во интернет просторот во текот на 2021 година, a пренесува Маркетинг 365.

Според извештајот, луѓето најмногу употребувале емотикони кои носат позитивно чувство, при што списокот на најкористени емотикони и не се разликува многу од оној во 2019 година (ваквиот извештај не беше објавен во 2020).

- Advertisement -

Очекувано, најголем број од популарните емотикони претставуваат изрази на лице т.е. видови на „смајлиња“, додека пак најамалку употребувани биле државните знамиња.

Извештајот може да се прочита и симне на следниот линк, а во продолжение следува листата на топ 10 најкористени емотикони во 2021 година:

- Advertisement -

1. Лице со солзи радосници ()

2. Црвено срце ()

- Advertisement -

3. Тркалање на подот смеејќи се ()

4. Палец горе ()

5. Лице кое гласно плаче ()

6. Вертикално споени дланки ()

7. Лице кое дува бакнеж ()

8. Насмеано лице со срца ()

9. Насмеано лице со срцевидни очи ()

10. Насмеано лице со насмеани очи (😊

Сподели!
- Advertisement -