-1.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Регионален форум за претставување на најуспешните старт-апи од земјите од Западен Балкан

Kabtel desktop

Дводневен регионален форум – прв Western Balkans Butterfly Innovation & Business Forum организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како координатор на Европската мрежа на бизнис можности – Enterprise Europe Network во соработка со Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council).

На форум што ќе се одржи денеска и утре, ќе имаат можност да се претстават најуспешните старт-ап и етаблирани иновативни компании од земјите од Западен Балкан кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија и ќе ги пренесат и своите искуства.

– Соработката помеѓу Enterprise Europe Network и Регионалниот совет за соработка е од големо значење во поддршката за компаниите. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како координатор на мрежата Enterprise Europe Network контиунирано дава поддршка на бизнис секторот, а во исто време го поврзува со академскиот сектор. Поддршката во овој процес покрај претприемачите и истражувачите, ја имаат и студентите кои имаат повеќе можности во рамките на Универзитетот да добијат информации и можности да ги реализираат своите идеи, да бидат успешни претприемачи и да стекнат знаење да основаат компании. Впрочем скоро секој успешен претприемач и иноватор во животот бил и студент, наведуваат од УКИМ.

Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје дава можност да се поврзе академскиот и бизнис секторот и во рамките на Универзитетот успешно работат три такви пункта: Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ преку кој и студентите можат да ја изразат својата креативност; Бизнис Акцелераторот УКИМ – кој дава поддршка на компании во нивната рана развојна фаза; мрежата Enterprise Europe Network каде универзитетот е национален координатор и заедно со Стопанската комора на С. Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување а во тесна соработка со Европскиот иновациски совет и извршна агенција за мали и средни претпријатија при Европската комисија,  овозможува на иновативните компании да го најдат својот пат во меѓународни рамки. 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!