-5.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Паметен кров ги топли куќите во зима, а на лето ги лади

Kabtel desktop

Научници од лабораторијата на Универзитетот Беркли создадоа паметен кров кој ги држи зградите топли во текот на ладните зимски месеци, а ладни кога ќе се стопли времето. Посебниот слој за кровот е составен од систем за разладување кој ја рефлектира сончевата светлина и топлината кога е топло и потоа автоматски се сиклучува на зима. Истражувачите велат дека нивниот систем ќе помогне да се намали потрошувачката енергија во текот на целата година.

Радијациските разладни системи кои имаат одличен потенцијал за залувување на енергијата и за генерирање енергија кога нема доволно сончева светлина. Минатата година, на пример, група научници од Универзитетот Стенфорд открија дека работеле на антисоларни панели кои можат да произведуваат електрицитет ,ноќе преку радијативно разладување.

Радијативното разладување е феномен кој се случува природно каде што површини кои се директно изложени на сонце емитуваат топлина во воздухот во форма на термална радијација.

Кај новиот паметен кров научниците од Беркли имале за цел да развијат материјал кој ќе ги разладува зградите на лето, но автоматски ќе почнат да зачувуваат топлина на зима. После првичните тестови тие создале материјал кој го нарекуваат TARC (temperature-adaptive radiative coating). Нивниот труд е објавен во весникот Science.

Главната состојка на TARC соединение наречено ванадиум диоксид. Во 2017 година истиот тим открил дека кога ова соединение ќе достигне температура од 67°C, може да спроведува електрицитет, но не и топлина. Благодарение на овој материјал, TARC апсорбира и емитува инфрацрвена светлина кога е топло, на тој начин држејќи ја топлината од сончевата светлина да не влезе во зградата.

Тестовите покажале дека TARC рефлектира околу 75% од сончевата светлина при топло и ладно време. За споредба, најбелата боја во светот рефлектира дo 90% од топлината кога температурите ќе се качат над 30°C и само 20% од топлината која температурите ќе паднат под 15°C. Според проценките на истражувачите, просечното домаќинство во САД ќе може да заштеди до 10% на сметките за струја ако користат TARC.

(Interesting Engineering)

(фото: )

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!