Ова е најлошата компанија на годината според Yahoo Finance

- Advertisement -

Кон крајот на секоја година Yahoo Finance традиционално прави избор на најдобра компанија и во 2021 година таа чест му припадна на Microsoft, кој ја проби пазарата вредност од 2 трилиони долари со зголемувањ ена цената на акциите за над 50%. Но, освен најдобрите, Yahoo ја бира и најлошата компанија на годината, а тој избор нема врска со работата и цените на акциите, туку со негативниот имиџ на компанијата.

За оваа година таа неславна титула и припадна на компанијата која неодамна го смени името. Facebook, односно Meta е прогласена за најлоша компанија на годината според овој избор, кој се базира на гласови на читателите на Yahoo Finance.

- Advertisement -

Причините зошто Цукерберг ја доби оваа титула се добро познати и јасни, а капката која ја прели чашата сигурно се информациите за истражувањата за негативното влијание на Instagram врз младите, особено тинjеџерите. Екипата од Facebook го знаела тоа, но не направиле ништо конкретно за да го решат проблемот.

Она што е особено интересно е дека Meta доби дури 50% повеќе гласови отколку второпластираната најлоша компанија, Alibabа. Сепак, помеѓу овие лоши вести за Цукерберг има една која може да се смета за позитивна, а тоа е дека околу 1/3 од учесниците во изборот веруваат дека Meta може да се искупи за се лошо што направиле годинава. Меѓу предлозите како да го направат тоа има и преглод за донација на голем дел од остварениот профит, но тоа сценарио тешко дека ќе го гледаме.

- Advertisement -

(Yahoo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -