18.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Лукаревска: Во 2022 нема зголемување на даноците, туку олеснување на процедурите

Kabtel desktop

Имаме добри економски показатели и добра реализација во 2021 година, економијата е стабилизирана. Буџетот за 2022 е проектиран на постоечките даночни стапки, така што нема да има зголемување на даноците. Работиме на тоа да има олеснување и подобрување на услугите, да имаме понапредни услуги да излеземе во пресрет и на компаниите и на граѓаните. Тоа може да очекуваат граѓаните наредната година, поедноставување на процедурите и зголемена ефикасност, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5.


„Она кое што го презентиравме со МФ тоа е една реформа за даночниот систем на која работиме подолг временски период. Станува збор за ефикасност, олеснување на процедурите, поголема транспарентност на даночниот систем, дигитализација и запазување на принципот на правничност.“ истакна Лукаревска.


– Во 2021 година имаме 17,89 отсто повеќе собрани приходи во споредба со 2020 година или 8,7 отсто повеќе во однос на 2019 година која што не беше кризна година. Тоа значи дека имаме поголема економска активност. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана, додаде Лукаревска во интервју за Канал 5 телевизија.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!