На повидок огромна аквизиција во технолошката индустрија – Amazon и Nike заинтересирани за Peloton

- Advertisement -

Според минатонеделните написи во весниците, изгледа дека повеќе компании фрлиле око на компанијата Peloton, а посебно се издвојуваат две имиња -Amazon и Nike. Peloton ја достигна својата најголема вредност после избивањето на пандемијата на корона вирусот, кога најголем дел од луѓето почнаа да вежбаат од дома.

Во текот на 2020 година вредноста на акциите на компанијата пораснале за неверојатни 440%, а на врвот на популарноста компанијата вредеше околу 50 милијарди долари. Но, како што се смируваше ситуацијата, односно како што полека се враќаат државите на некои нормални активности, дел од вежбањето се врати во теретаните, па ја повлече во црвено цената на акциите на Peloton. Исто така, мораа да ги повлечат своите ленти за трчање после смртта на 6-годишно дете и истрагатра која укажа на безбедносниот ризик на лентите.

- Advertisement -

Сето тоа ја спушти цената на акциите под цената со која Peloton излезе на берза – 25 во однос на 29 долари, додека пазарната вредност на компанијата падна на само 8 милијарди долари. Поради сите проблеми со вредноста на акциите изминатите месеци, се зголеми интересот на други гиганти за преземање, од кои најзвучни имиња се Amzon и Nike.

Како најголем кандидат за преземање се споменува Amazon, компанија која со години инветира во индустријата за здравје и велнес и со преземањето на Peloton не би го добиле само нивниот популарен хардвер, туку и огромна база на претплатници.

- Advertisement -

(CNBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -