ИутеКредит Македонија со IutePay е златен спонзор на E-Commerce Awards

- Advertisement -

ИутеКредит Македонија е златен спонзор на првите E-commerce награди во огранизација на Асоцијата за Е-трговија на Македонија. На овој настан кој е од навистина големо значење за е-трговците и сите кои нудат услуги во сегментот на е-трговија, ИутеКредит ќе ја претстави новата платежна услуга IutePay.

IutePay  е “Buy Now, Pay Later” солуција, која е една од најпопуларните низ светот. Компаниите како Klarna, AfterPay и Sezzle веќе неколку години го освојуваат интернационалниот пазар, станувајќи платежна опција на најголемите брендови во рамките на нивните физички и онлајн продажни места.

- Advertisement -

IutePay овозможува трговците на своите клиенти да им понудат уникатна можност да го купат производот кој го посакуваат на рати со 0% камата. IutePay не само што им овозможува на купувачите да дојдат до производот кој го сакаат на брз и едноставен начин без да го оптоваруваат својот буџет со дополнителни трошоци, туку е и одлична продажна алатка за бизнисите, бидејќи го проширува обемот на потенцијални купувачи. На овој начин, трговецот стигнува до целна група на купувачи кои претходно можеби и би се откажале од купување на одреден производ или услуга, но со дадената можност тие стануваат достапни за нив. Купувачите може да ги плаќаат производите на 4 рати без било какви трошоци.

IutePay платежната солуција се интегрира и користи лесно без разлика за каков вид на продавница станува збор, функционира едноставно и за физички и за онлајн продажни места. Oдобрувањето на плаќањата е многу брзо, а потпишувањето на целата документација е преку мобилната апликација MyIute, односно воопшто не се користи хартија.

- Advertisement -

Во моментов повеќе од 60 трговски партнери на ИутеКредит Македонија ја имаат во својата понуда IutePay солуцијата, а до крајот на годината очекуван е раст до 200 партнери.

Сите трговци кои се заинтересирани да ја вклучат услугата IutePay како платежна опција може тоа да го направат  преку веб формата https://iutecredit.mk/stani-partner/.

Сподели!
- Advertisement -