7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

На листата со топ 10 најпродавани телефони во светот се дури 7 модели на iPhone

Kabtel desktop

На интернет-форумите и социјалните мрежи често има препирки за тоа кои телефони, односно мобилни оперативни системи се најдобри. На многу сопственици на iPhone не им паѓа на памет да го заменат брендот кој го користат со некој друг производител чии уреди работат на Android, додека на многу корисници на телефони со оперативниот систем на Google не им е јасно зошто луѓето плаќаат високи цени за смартфони на Apple кога на пазарот има достапни поквалитетни и поевтини Android телефони.

Додека одговорот на прашањето кои уреди, односно мобилни оперативни системи се подобри зависи од вкусот на луѓето и преференциите, аналитичката компанија Counterpoint Research даде одговор на прашањето кои телефони се најпродавани.

Врз база на нивните податоци за минатата година, објавија листа со топ 10 најпродавани телефони во светот и на таа листа доминира Apple, односно iPhone. Колкава е доминацијата на овој бренд најдобро кажува податокот дека меѓу десетте најпродавани телефони во светот има дури седум модели на iPhone, а останатите се Android – еден телефон на Samsung и два телефони на Xiaomi.

Според Counterpoint, iPhone, односно различните верзии на овој телефон ги заземаат првите пет места. Најпродаван телефон минатата година бил iPhone 12, со удел од 2,9%, па следува 12 Pro Max (2,2%), додека третото и четвртото месо ги држат iPhone 13 и 12 Pro со 2,1% удел на пазарот. На петто место е iPhone 11 (2%) и дури после него следуваат два Android телефони – Samsung Galaxy A12 (2%) и Xiaomi Redmi 9A (1,9%). Осмото и деветтото место повтоно припаѓаат на Apple – iPhone SE 2020 со удел од 1,6% и iPhone 13 Pro Max со 1,3%. Листата со десет најпродавани телефони во светот ја заокружува Xiaomi Redmi 9.

Според оваа компанија, минатата година на глобалниот пазар имало повеќе опд 4.200 модели на активни паметни телефони, а десетте најпродавани телефони во светот заземаат 19% од пазарот.

(Zimo)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!