4.8 C
Skopje
сабота, февруари 4, 2023

„Океј сум! Помагајте!“ е книга за моќта и потенцијалот на жените

Kabtel desktop

Интернационалниот бестселер „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни. Идејата за книгата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“.

Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување. Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на следниот ЛИНК.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!