Нови цени на мазутот!

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.

Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                                     79,50             (денари/литар)

Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС – 98                                    81,50            (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                                  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       76,00             (денари/литар)

Масло за горење                Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                      72,50            (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                                     53,159 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 0,622%, кај дизелот има зголемување за 0,663%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,002%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -