Новиот трговски центар Diamond Mall целосно ќе го промени шопинг искуството во Скопје

- Advertisement -

Во март следната година, во строгиот центар на Скопје, ќе се отвори Diamond Mall, нов објект кој ветува дека со својот уникатен дизајн и содржини целосно ќе ги промени правилата на игра во доменот на забавата и шопингот. Новиот шопинг мол располага со простор за закуп од 48.000 м², кој ќе го окупираат познати домашни и странски брендови, меѓу кои ќе има такви што за прв пат ќе се појават на нашиот пазар.

Врвното шопинг искуство во Diamond Mall, меѓу другото, е обезбедено и со специфичниот дизајн на надворешноста, кој обезбедува беспрекорно поврзување со останатиот дел од централното градско подрачје и пристапност од било кој правец. Изобилството на отворени и полуотворени простори и пасажи овозможува лесно да се стигне пешки до молот, додека оние што ќе пристигнуваат со возило, ќе имаат повеќе влезови во молот и паркинг со вкупно 2.900 места.

- Advertisement -

Внатрешноста на трговскиот центар е дизајнирана на начин што овозможува посетителите лесно да се снајдат и да се движат низ просторот благодарение на големиот број соодветно позиционирани ескалатори и лифтови и брзо да стигнат до различни делови од трговскиот центар. Дополнително, компактниот дизајн предвидува голема видливост на сите брендови.

Самата локација се очекува да биде една од причините за постојан прилив на посетители, но и останатите содржини кои ќе бидат составен дел од трговскиот центар и сами по себе ќе бидат доволна причина за да се помине време во Diamond Mall. Конкретно, овој трговски центар ќе го има најголемиот простор за забава, кој на 7.000 м² ќе нуди едукативни и интерактивни содржини, како и специјален дел посветен на дружење со храна и пијалак, во кој ќе бидат сместени ресторани, кафулиња и барови од полуотворен и отворен тип.

- Advertisement -

Diamond Mall е дел од повеќенаменскиот комплекс Diamond of Skopje, во кој компанијата „Лимак“ инвестира 250 милиони евра. Освен трговски центар, комплексот содржи и четири резиденцијални кули, деловен центар, зелена површина од 11.000 м², хотел со 5 ѕвезди – Limak Skopje Luxury Hotel и подземна сообраќајница со должина од 800 метри и со по две ленти за возила во двата правци.

Сподели!
- Advertisement -