TikTok планира да се шири на пазарот за видеоигри

- Advertisement -

Во текот на изминатите неколку години TikTok стана една од најпопуларните социјални мрежи со над милијарда корисници, при што главно е популарен меѓу помладите корисници. Благодарение на големиот број корисници, но и се подолгото време кое тие го поминуваат на мрежата, аналитичарите очекуваат сопственикот на TikTok, ByteDance, годинава да има трикратно поголема заработка од 11 милијарди долари.

За да привлечат повеќе корисници, односно да го зголемат времето кое постоечките корисници го поминуваат на апликацијата TikTok планира да ја прошири својата понуда со видеоигри. Првите тестирања на новата опција веќе почнаа во Виетнам, каде што дел од корисниците во апликацијата можат да играат видеоигри. Според извори запознаени со ситуацијата во компанијата, ова е само почеток на тестирањето на видеоигрите и ByteDance сака да престстави игри и на други пазари во јужноазиските држави, а можеби и пошироко.

- Advertisement -

Од компанијата не ги коментираат информациите за почетокот на тестирањето на игрите во рамките на апликацијата, но претставник на TikTok за Reuters откри дека секогаш бараат начини со кои би ја подобриле палтформата и редовно тестираат нови опции.

Првично планот на TikTok е да овозможат играње на мини-игри, односно едноставни кратки игри, но амбициите на ByteDance се многу поголеми. На одредени пазари веќе се достапни некои игри во рамките на TikTok, а во иднина можеме да очекуваме првенствено игри на ByteDance, кој минатата година го презеде гејмерското студио Moonton Technology. Во игрите веројатно ќе се прикажуваат реклами, а заработката ќе се дели меѓу TikTok и девелоперите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -