24.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

HTC го лансира првиот телефон со мета универзум

Kabtel desktop

HTC на почетокот на годината објави дека подготвува одговор на системот за мета универзум на Facebook. Нивниот одговор се вика Viverse и на корисниците ќе им овозможи социјална интеракција и одржување состаноци во виртуелна средина.

Потоа на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, HTC објави дека планира да лансира high-end паметен телефон кој ќе има некои опции за мета универзумот, а сега на Twitter објавија дека новиот уред ќе го претстават на 28 јуни.

Очекуваме дека HTC Viverse или како и да се вика уредот ќе понуди VR/AR искуство преку отворената платформа на НТС, Viverse. Платформата овозможува четување преку VRchat, одржување систаноци преку Engage, соработка преку Vive Sync, гледање холографски VR концерти и многу повеќе од тоа, а се очекува и дека ќе понуди интеграција со очилата за виртуелна реалност Vive Flow.

Според некои претходни извештаи од тајвански извори, HTC телефонот го развива во соработка со тајванските телеоператори Chunghwa Telecom, Taiwan Mobile и FarEasTone.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!