18.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

ВИДЕО: Стартува продажбата на најмалиот електричен микро-автомобил

Kabtel desktop

Швајцарскиот производител Micro Mobility Systems AG ги објави цените и започна со привање на нарачки во предпродажба на својот необичен, мал електричен автомобил ж Pioneer Series Microlino, кој чини 18/500 евра.

Овој автомобил потсетува на легендарната италијанска Исета од 50-те години на минатиот век, но е со целосно електричен мотор. Спаѓа во класата на L6e/L7еквадроцикли, што значи дека може да се нарече хибриден автомобил. Има батериски пакет од 10,5 kWh кој овозможува возење од околу 177 километри со едно полнење. Засега се произведува во две бои, сива и сина. Може да развие брзина од 90 кн/час па е јасно дека овој автомобил е наменет главно за градско возење на кратки релации и би можел да го олесни паркирањето во густите градски средини.

Со автомобилот доаѓаат и Blootooth звучници. Испораката за најмалиот елетричен автомобил започнува за купувачите во Швајцарија во текот на ова лето, додека во четвртиот квартал на германскиот и италијанскиот пазар. Во 202 година стартува испорака низ цела Европа.

Од компанијата велат дека интересот кај купувачите е огромен, но оваа година сакаат да сефокусираат на квалитетот, а не на квантитетот па затоа немаат намера да го зголемуваат производството кој во првиот бран ќе изнесува само 900 примероци.

(Vidi.hr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!