19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Samsung успешно го произведе првиот чип од 3 нанометри

Kabtel desktop

Samsung е првата компанија која успешно произведе микрочип од 3 нанометри и со тоа го претекна доставувачот на Apple, TSMC, во оваа возбудлива трка. Сега Samsung е на чекор до производство на најнапредни чипови во светот. Новиот производен процес е 45% енергетски поефикасен и дава 23% подобри перформанси од претходната генерација чипови од 5 нанометри, тврдат од Samsung.

Тоа се постигнува со користење на процес наречен Gate-All-Around транзистирска структура, која претставува надградба на FinFET и со 16% помала површина отколку претходно. Од Samsung истакнуваат дека новиот микрочип ќе се користи за компјутерски високи перформанси и ниска потрошувачка на енергија со мобилни процесори кои доаѓаат покасно, како и дека втората генерација чипови од 3 нанометри ќе ја намалт потрошувачката за 50% и ќе ги подобрат перформансите за 30%, на 35% помала површина.

Samsung со овој успех ја потврди својата позиција како врвен производител на чипови. Меѓутоа, пред корејскиот техолошки гигант има долг пат додека да се докаже против TSMC, тајванскиот производител на чипови, кој доминира со пазарниот удел и произведува чипови за iPhone, iPad, MacBook и Mac, а снабдува и други гиганти како Nvidije и AMD.

Samsung ќе ги произведува тие чипови во Јужна Кореја во своите погони во Хвасеонг, пред да се прошири во Пјонгтек. Компанијата коментално гради фабрика во Тексас, каде што ќе може да потроши најмалку 10 милијарди долари за производство на чипови од 3 нанометри.

Постигнување на технологија од 3 нанометри е мала победа со оглед на тоа дека TSMC наводно треба да почне со производство на 2-нанометарска технологија во 2025 година, со чипови кои доаѓаат во 2026 година. Затоа, Samsung ќе мора да биде на штрек за да има каккви било шанси да го престигне својот најголем конкурент.

(Gizmodo)

(фото: eias.org)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!