24.8 C
Skopje
четврток, август 11, 2022

Инфлацијата во Турција достигна над 78%

Kabtel desktop

Годишната инфлација во Турција достигна 78,62% во Јуни, што е најмногу од 1998 година досега, покажуваат официјалните податоци кои беа објавени денес. Турскиот Институт за статистика или TurkStat ги објави месечните бројки во пресрет на кризата која ја очекува земјата. Цените на производите во јуни пораснаа за 4,95%, соопшти Институтот.

Додека многу земји се соочуваат со покачени цени на производите, критичарите го обвинуваат претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, за неговата економска политика. Турскиот лидер инсистира дека инфлацијата е предизвикана од скапите камати на долговите, на што се спротивставуваат економистите, додека тој се залага за намалување на каматните стапки за да се поттикне растот и извозот.

Турската централна банка ги намали каматните стапки за пет процентни поени од септември досега на 14%. Турската лира минатата година изгуби 44% од својата вредност во споредба со доларот. Руската инвазија во Украина, која предизвика покачени цени на нафтата, гасот и житарките, уште повеќе ја влоши ситуацијата во Турција, која е зависна од извозот и увозот.

(АВС)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!