Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ќе ги оперира робот

- Advertisement -

Роботот МIRA, скратено за минијатурен ин виво роботски асистент, наскоро ќе врши операции на Меѓународната вселенска станица. Роботот се развивал во изминатите 20 години, а сега MIRA се програмира за да работи автономно со цел да се сочува брановата должина за комуникација на станицата.

Автономниот минијатурен робот, на пример, наскоро ќе може да оперира пукнато слепо црево во текот на идните летови до Марс без да има потреба од доктор или астронаут.

- Advertisement -

Роботот го создаде професорот по инженеринг СШејн Фаритор од Небраска, САД,, а сега се подготвува за тест мисија на Меѓународната вселенска станица во 2024 година.

За таа цел НАСА донираше 100.000 долари на Универзитетот Линколн во Небраска преку Програмата за стимулирање на компетитивни истражувања.

- Advertisement -

Фаритор и неговите колеги со децении работеле на развојот на роботот. Нивната компанија Virtual Incision, стартап основан на Кампусот за иновации во Небраска, досега има собрано над 100 милиони долари зачетен капитал од основањето во 2006 година.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -