Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажнaтa ценa на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг.

- Advertisement -

Од 26.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 52,978 (денари/килограм)

  • Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,41%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2022 година.
    Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -