Најголемата геотермална лагуна во светот ќе се гради во Канада

- Advertisement -

Најголемата геотермална лагуна е планирано да се отвори во Шарлевуа, на 45 минути оддалеченост од Квебек, Канада. Лагуната ќе содржи патентиран систем за греење, кој ќе ја одржува водата на температура од 39 степени Целзиусови дури и на зима, која температурата ќе падне под нулата.

Проектот, насловен geoLagoon, е моделиран според геотермалните лагуни во Исланд, кои се глобално популарни, а соптвеник и извршен директор на компанијата е Луис Масикоте. Неговата визија за проектот вклучува изградба на четири такви лагуни само во Канада.

- Advertisement -

Лагуната планирано е да се простира на површина од над 12.000 квадратни метри. Околу лагуната ќе бидат изградени стотици колиби, кои на крај ќе формираат едно село кое совршено ќе се вклопи во природата одоколу.

Тие колиби ќе може да се купат и да се користат за престој околу лагуната или да се изнајмуваат на туристи за одмор. Освен водата во лагуната, посетителите ќе имаат пристап до уметнички галерии, ски-ресорти, терени за голф, ресторани и гледање китови.

- Advertisement -

Колибите ќе имаат фотоволтаични кровови, кои ќе генерираат енергија за да работат пумпите на за греење. Под лагуната ќе има џиновски геотермален резервоар, кој ќе се напојува со енергија оф комплетен енергетски систем составен од геотермална енергија, биомаса, фотоволтаици и соларни системи за греење. Патентот за сето тоа уште ќека на одобрување.

Студиите кои се направени досега покажале дека проектот ќе си ја снабдува сета потребна енергија од овбновливи извори. Масицоте сака да имплементира уште иновативни технологии, како што е систем за искористување на топлината од канализацијата, со што селото во иднина ќе може дури и да продава струја во локалната електрична мрежа.

- Advertisement -

Планирано е изградбата на проектот да оди во три фази. Во првата ќе се изградат 150 колиби, па ќе почне изградбата на лагуната, а останатите 300 колиби ќе бидат изградени во третата фаза. Кога ќе биде готова, оваа лагуна ќе биде многу поголема од исладнската лагуна која послужила како инспирација, а има површина од 8.700 квадратни метри.

После Шарлевуа, планирано е да се изградат уште три вакви геолагуни во Лорентид, Ланаудие и во Истерн Тауншип. Изградбата на првата геолагуна треба да започне во март идната година и се очекува да трае 18 месеци.

(Interesting Engineering)

(фото: geoLagoon)

Сподели!
- Advertisement -