8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Кинезите користат самовозечки трамваи кои не возат ни по шини ни по електрични жици

Kabtel desktop

Во Кина се користат трамваи кои не се движат по шини или електрични жици, туку се движат по асфалтна површина на која е исцртана патеката на движење. Поточно, станува збор за вид на возила кои се комбинација од трамвај и автобус. Меѓутоа, нивното движење е многу полесно отколку движењето на автобусите благодарение на технологијата за нивна стабилизација.

Трамваите се викаат Автономен брз превоз (ART) и се користат во три кинески градови. Станува збор за самовозечки, автономни возила во кои се користи тех нологија која се користи за автономни автомобили. Наместо електрични жици, имаат батерии кои се полнат при стоењето на секоја станица.

Овие возила се 10 пати поевтини од конвенционалните трамваи. Може да почнат да се користат неколку седмици после набавката, за разлика од конвенционалните кои може да почнат да се користат многу седмици, па дури и месеци после набавката. Освен тоа, нема големи трошоци за одржување на пругите.

Се повеќе држави планираат да ги набават овие трамваи, кои се посебно значајни за ревитализација на предградијата. Меѓу тие држави се Малезија, Израел и Австралија. Се очекува дека со нив уште подобро ќе се поврзат централните со периферните делови од градовите и дека ќе бидат уште поеколошки прифатливи и поефикасна замена за автомобилите.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!