Тихиот Океан е осуден на пропаст, но од него ќе се роди нов суперконтинент

- Advertisement -

Во наредните 300 милиони години научниците предвидуваат дека Тихиот Океан полека постепено ќе исчезне, а на Земјата ќе се формира нов суперконтинент. Како што велат, тој циклус се повторува на Земјата секои 600 милиони години.

Новата симулација се базира на константното поместување на земјините тектонски плочи, но има една добра вест. Тоа е дека има уште долги 300 милиони години додека да исчезне.

- Advertisement -

Сепак, научници од Универзитетот Картин во Австралија сметаат дека Тихиот Океан веројатно ќе биде проголтан пред тој рок. Пред самото исчезнување Тихиот Океан повеќе нема да наликува на она што е денес. Секој година тој океан ќе се намалува за неколку сантиметри, како што се случува откако постоел суперокеан кој го опркужувал последниот суперконтинент Пангеа.

Секоја година пацифичките плочи пропаѓаат по неколку сантиметри под евроазиските и индо-австралиските плочи, со што се намалува оддалеченоста меѓу континентите Северна Америка, Азија и Австралија.

- Advertisement -

Сите научниците не се сложуваат за изгледот и начинот на формирање на новиот суперконтинент, но во многу симулации Тихиот Океан е осуден на пропаст. Додека некои студии сугерираат дека Атлантскиот Океан, кој денес се шири, може да почне да се намалува и така да создаде суперконтинент, кој ќе биде опкружен со Тихиот Океан, научниците од Картин не се сложуваат со тоа.

Наместо формирање на друг континент како Пангеа, тие тврдат дека светот оди кон создавање на континент наречен Амазија, во кој Северна Америка ќе се судри со Азија. Австралија е изоставена од овој назив, но во 4Д геодинамичките модели изгледа дека Австралија игра битна улога во затворањето на остатокот од Тихиот Океан.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -