Првите едра на надувување во светот беа поставени на брод

- Advertisement -

Првите автоматизирани едра на надувување во светот беа поставени на трговски брод. Карго бродот MN Pélican во сопственост на компанијата Compagnie Maritime Nantaise го доби првиот прототип на едрата со површина од 100 квадратни метри.

Францускиот производител на индустриска опрема Start2Prod IMECA заедно со Michelin и Compagnie Maritime Nantaise беа вклучени во инсталацијата на едрата наречени WISAMO на првиот комерцијален брод.

- Advertisement -

Едрата WISAMO (Wing Sail and Mobility) се инсталирани на брод кој е изграден во 1999 година и моментално е закотвен во пристаништетот Ел Астилеро во Шпанија. Од комппанијата тврдат дека прототипот може да се постави и на комерцијални и на рекреативни пловила. Веруваат дека со користење на енергијата на ветрот оваа технологија може да ја намали потрошувачката на гориво за 20% од брод.

Новиот систем може да се додаде уште во процесот на дизајнирање на бродот како дел од орогиналната опрема или да се постави на веќе изграден брод. Погоден е за бродови за пренос на возила, за бродови кои превезуваат гломазна опрема, за LNG носачи и за танкери.

- Advertisement -

Ако тестовите се покажат успешни, ова ќе ги отвори вратите за тестирање на уште поголеми едра и ќе се направи огромен чекор напред кон целосна декарбонизација на поморскиот транспорт.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: yacht-rent.com)

Сподели!
- Advertisement -